Промотивни активности за развој на руралниот туризам е четвртата мерка од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2010 година, за која државата планира да издвои вкупно 115 илјади евра. За користење на средства од оваа мерка, ќе може да аплицираат сите здруженија и фондации со седиште во рурално подрачје и единиците на локалната самоуправа во руралните средини. Барањата за кофинансирање треба да се достават до 12 април, во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Најголем дел од парите од оваа мерка, односно околу 65,5 илјади евра, наменети се за изградба на пешачки и велосипедски патеки во руралните подрачја. Со овие пари ќе се покриваат дел од трошоците за услугите за изработка на проект и техничка документација за градба, за набавка на градежен и материјал за прекривање на дел од патот. Прифатливи се и трошоците за купување на опрема за осветлување и услуги за вршење на градежни работи и монтажа на инсталација на опрема.
Промотивни активности за развој на руралниот туризам е четвртата мерка од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2010 година, за која државата планира да издвои вкупно 115 илјади евра.
За користење на средства од оваа мерка, ќе може да аплицираат сите здруженија и фондации со седиште во рурално подрачје и единиците на локалната самоуправа во руралните средини.
Барањата за кофинансирање треба да се достават до 12 април, во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.
Најголем дел од парите од оваа мерка, односно околу 65,5 илјади евра, наменети се за изградба на пешачки и велосипедски патеки во руралните подрачја. Со овие пари ќе се покриваат дел од трошоците за услугите за изработка на проект и техничка документација за градба, за набавка на градежен и материјал за прекривање на дел од патот. Прифатливи се и трошоците за купување на опрема за осветлување и услуги за вршење на градежни работи и монтажа на инсталација на опрема.
Со околу 33 илјади евра, финансиски ќе се поддржува изработката на брошури, мапи, книги со историски факти за локалитети и знаменитости и книги за традиционални обележја и за културно наследство.
Повеќе од 16 илјади евра предвидени се и за обележување на културни и природни знаменитости во руралните подрачјe.